СДСМ: Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно признание за достигнувањата, продолжуваме со работа и реформи

 

Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно и недвосмислено признание за постигнатиот успех во изминатата година, велат преку соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека резултатите на домашен план, преземените храбри чекори, напредокот во реформите се признаени и вреднувани.

„Одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

Од особена важност е што оваа одлука ќе биде донесена годинава, што е практично и потврдено со заклучоците на Советот.

Најпозитивниот извештај, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех кој се заокружива во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината.

Владата предводена од СДСМ, министерствата и сите институции продолжуваат со интензивни подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година“ стои во партиското соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега