Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил денеска објави статус по повод вчерашниот 29 роденден на ВМРО-ДПМНЕ.
-29 години ВМРО – ДПМНЕ.
29 години постоење на партијата која во себе, во својата генеза и како свој постулат ја има идејата за независна и суверена Република Македонија.
Партија која секогаш го носи предзнакот на обединувањето, на слогата на сите оние кои живеат во Република Македонија и она што е најважно за сите граѓани, просперитет но и проекти насекаде околу нас.
Вечна нека е ВМРО – ДПМНЕ.
Вечна да е Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.