СДСМ: Вистинските економски политики забележани од светот, највисок раст на странските инвестиции за 260 отсто

 

 

Вистинските економски политики кои ги води  Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се  препознаени и забележани од  светот, велат од СДСМ преку соопштение.

„Извештајот за инвестициите во светот 2019" на  Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека  Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан.

За само една година, стои во Извештајот во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто!

Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година“ велат од партијата.

Од СДСМ нагласуваат дека покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец.

„Извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет“ стои во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега