ВМРО-ДПМНЕ: Нема датум за Македонија зошто Заев не срами каде и да оди

 

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста кое го пренесуваме интегрално.

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион.

          Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации.

          Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев.

          Се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси.

          Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред.

          ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за добивање датум за почеток на преговорите, бидејќи граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици заради неговата неспособност.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега