БЕСА обвинува: Наш советник во Охрид физички нападнат од колега од ДУИ

 

Советник на ДУИ физички нападнал советник на БЕСА во Охрид, обвинуваат од партијата на Билал Касами.

„На многу срамно и екстремно ниско ниво, советникот од БЕСА во општина Охрид, Џемал Мена, беше физички нападнат од советник на ДУИ“, соопшти партијата.

Движењето БЕСА го осуди нападот и врз советникот кој ги бранел „правата на охридските Албанци“, а бил нападнат токму за време на седницата на општинскиот совет на Охрид,

 

Случајот е пријавен во полицијата, а ќе бидат известени и сите странски амбасади, се закани партијата на Касами.

„Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат до крај. Денес, по апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, во последните денови, таа ја изгуби ориентацијата, гледајќи колку е криминализиран и корумпиран овој политички субјект“, се вели во соопштението на БЕСА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега