ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Најголем успех ви беше да играте чочек на автопат изграден од нас
ВМРО-ДПМНЕ утрово со соопштенеи кое ви го пренесуваме интегрално, а се однесува за политиките на СДСМ:
Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат. Градбата на нова инфраструктура е замрена. Нема проекти, нема инвестиции. Најголем потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и СДСМ излажаа кога на изборите во 2016 година ветуваа дека ќе изградат 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта.
Власта не само што не изгради ништо ново, туку и тоа кое што требаше да го пуштат во употреба останато од времето на ВМРО-ДПМНЕ не е пуштено во употреба, па така готовиот автопат Миладиновци - Штип со месеци е вон употреба од причини кои само Зоран Заев ги знае.
Иако капитални инвестиции нема, власта сепак без престан се задолжува. Каде отидоа над половина милијарда евра од нови задолжувања, а притоа ништо не е изградено е прашање на кое Зоран Заев и неговите министри ќе треба да им го одговорат на граѓаните, а и на институциите на систем кога ќе завладее правото во Република Македонија.
Најавуваа градежен бум, а не направија ништо. Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено, градежните работи на инфраструктурата запреле, инвестиции немало , а граѓаните се повеќе се решавале да ја напуштат државата. Колку побргу владеењето на Заев стане минато, толку подобро за државата и граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа