Во недела ќе се изберат 1.600 социјални случаи кои ќе бидат вработени во државните служби
Владата продолжува со мерките за вработување на социјалните случаи во Македонија. Како што денеска информираше владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев, во недела ќе бидат изберени 1.600 социјално загрозени лица кои ќе добијат работа во државните служби.
Според владиниот потпарол, проектот е во финална фаза, а задутре на МТВ лицата ќе бидат избрани преку компјутерски електронски софтвер.
-Владата од самиот почеток овој процес го води транспарентно и во него можеа да учествуваат сите граѓани кои ги исполнуваат условите. Исто така и другите фази од процесот се вршеа на транспарентен начин, изјави Ѓорѓиев и додаде дека на огласот се пријавиле 20.000 кандидати кои ќе бидат вклучени во финалното рангирање.
04.10.2013 - 14:38