Драма на скопска крстосница: Тешка сообраќајка, возач возел со 3 промили алкохол
Вчера околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со телесни повреди се здобиле Ф.К. и неговиот сопатник П.Б.(19) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, во 18.30 часот И.К. е лишен од слобода, затоа што е утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа