Експлодирало буре со хемикалии - причина за повторно реактивирање на огнот во фабриката за оружје и муниција

 


Денеска околу 13:00 часот, Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод пријави повторно активирање на пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.

Иако претходниот пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во текот на ноќта била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денешниот ден дошло до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се активирал.

Во моментов гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од фабриката. Засега пожарот нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација. На терен интервенира една противпожарна екипа, а побарана е и поддршка од ТППЕ Прилеп, ТППЕ Кичево, како и воздухопловна поддршка.

07.07.2025 - 14:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега