ВМРО- ДПМНЕ: За одговорност СДСМ може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта
За одговорност СДСМ може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта, велат од ВМРО- ДПМНЕ, како реакција на соопштението во кое СДСМ тврди дека повлекувањето на Богоевски висок морален чин, тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија
„Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор.
Оставката на Павле Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци.
Местото на Заев како и на Богоевски не е во политиката. Нивно место единствено е во некоја казнено поправна установа, каде што ќе одговараат за своите криминали по враќањето на правната држава.
Кога Зоран Заев и неговата криминална банда ќе си заминат од политичката сцена Македонија ќе заблеска“ велат од ВМРО- ДПМНЕ во својата реакција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа