ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор

 

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение по оставката на Богоевски.

Зоран Заев и Павле Богоевски се криминалци.

И за Заев и за Богоевски постојат тонски записи од вршење на криминал. И Заев и Богоевски се криминалци.

Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор.

Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев. Тој иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра.

Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема.

Оставката на Богоевски е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати.

Наместо само оставка потребна е кривична одговорност. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка.

Местото на Богоевски не е во политиката исто како и на Заев, неговото место е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега