Фејсбук ќе дава станови на вработените

 

 По ова што ќе го прочитате нема некој кој не сака да работи во оваа компанија. Фејсбук реши на своите вработрени да им изгради и станови. 

За да не мора да патуваат до своето работно место , недалеку од своето седиште во Менло Парк, во Калифорнија, Фејсбук ќе изгради комплекс со 394 станови.

Комплексот веќе го нарекуваат со различни имиња како Цукленд или Фејсбуквил, а критичарите го споредуваат со американските градови од почетокот на 20 век, во кои работниците биле малку повеќе од робови.

 За целиот проект е предвидено низа погодности и содржини, како продавници, кафулиња, спортски сали, надворешни базени, простор за куќни миленици, а ќе чини повеќе од 120 милиони долари.

04.10.2013 - 13:19

најчитано сега