Ракометари се степале меѓу себе на натпревар во Охрид
Вчера во 21 часот во спортската сала “Атина Бојаџи“ во Охрид непосредно пред завршувањето на ракометниот натпревар, играчот на РК “Охрид 2011“, 22-годишниот К.А. физички го нападнал играчот на РК “Струга“ , 27-годишниот Б.Б.
Поради тоа настанала меѓусебна расправија и турканица од страна на играчите од двете екипи, недозволено влегување и фрлање предмети во натпреварувачкиот простор од страна на гледачите.