СДСМ: Ја зголемивме пензјата за 826 денари за две години
СДСМ денеска со соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме целосно.
Невидено лицемерие е токму ВМРО – ДПМНЕ, партијата која со своето расипничко и криминално владеење со години им го кратеше она кое што законски им следуваше на пензионерите, денес да зборува за усогласување на ензиите.
Со своето неодговорно и криминално владеење, ВМРО ДПМНЕ остави долг од 15 милијарди денари, а денес лаже и манипулира.
Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите кое им следуваше со закон.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ денес Владата предводена од СДСМ со новата пензиска реформа обезбедува редовни и повисоки пензии за сегашните и идни пензионери.
Ако кон крајот на 2016 година просечната пензија била 13.754 денари, а во март 2019, во време на Владата на СДСМ, просечната пензија изнесува 14.580 денари.
Тоа е јасен факт, пензиите растат, просечната пензија е повисока за 826 денари.
Денес, усогласувањето на пензиите се прави два пати годишно и тоа 100 отсто со порастот на трошоците на живот, наместо само 50 отсто како што беше претходно. Со новото законско решение се воведе и дополнително усогласување на пензиите ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 отсто.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки пензии, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа