ВМРО- ДПМНЕ: За криминогеното делување на Шилегов има кривична пријава и за тоа ќе одговара

 

 Според документот кој што го приложува Петре Шилегов, одобрението за градба, јасно стои датата на издавање 13.05.2019, односно денеска, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата велат дека со тоа Шилегов самиот го докажува кривичното дело злоупотреба со цел градење без одобрение.

„Уште еднаш нагласуваме дека градбата е започната и злоупотребена сред изборна кампања со цел поткуп во изборни цели кон неопределен број гласачи.

Шилегов јавно во медиуми на 26 април  посочува дека е започната градба на првата фаза. Тоа е повеќе од 17 дена порано од добиената дозвола.

Дури и дозвола за подготовка на терен се добива врз основа на дозволата за градба.

Со тоа, и СДСМ и Шилегов уште еднаш сакаат да покажат неказнивост и дека се над законите.

Јавното обвинителство со Кривичната пријава беше запознаена дека не смее да остави простор Шилегов да ги преиначи документите за бесправното градење и злоупотребата опфатена со три члена од КЗ  членот 353, членот 244 и членот 162.

ВМРО-ДПМНЕ е против незаконското и криминогеното работење на власта. И локалната и централната власт наместо да се борат за почитување на законите, тие сами даваат личен пример за анархија.

Од позиција на власт, со целосно парализиран правосуден систем затворен во "пупката на Заев", заштитен со деспотскиот принцип на неказнивост и поставување над законите, Петре Шилегов бесправно гради булевар!

Тоа е јасна порака до граѓаните дека законите не важат за членовите на власта и на СДСМ.

Обвинителството мора да почне да работи согласно обврските и надлежностите, во спротивно стануваа соучесници во нелегалноста.

Затоа Македонија втора година нема да добие датум за почеток на преговорите, и за жал ќе продолжи да тоне по параметрите за демократски систем.

За криминогеното делување на Шилегов има кривична пријава по член 353 од КЗ и за неа ќе одговара“ стои во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега