Кирацовски: Очекуваме победа на Пендаровски

 

Кирацовски со прес-конференција која ви ја пренесуваме во целост.

Имавме успешни, слободни, фер и демократски избори .

Постигнат е цензус.

Тоа покажува дека граѓаните пристапија одговорно пред одлуката за заедничката иднина.

Гласот на секој граѓанин денес е јасен придонес кон таа напредна иднина.

Граѓаните масовно го искористија своето гласачко право на мирен и достоинствен начин и го избраа петтиот претседател на државата.

Република Северна Македонија спроведе кристално чисти и демократски избори како што доликува на модерна европска демократска држава.

Им благодарам на граѓаните кои со своето одговорно однесување придонесоа да имаме мирен и демократски изборен ден, како и институциите кои со сите свои капацитети одговорија на предизвикот изборите да минат во најдобар ред.

Почитувани присутни, ги имаме и првичните тенденции, Стево Пендаровски е во водство и очекуваме победа.

Очекувам и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирно и демократските спроведени избори.

Изборниот ден до самиот крај и по прогласувањето на резултатите да финишира во едва ваква демократска атмосфера како што ја имавме денеска

Никој да не се обидува, преку лажни вести и измислици, да бара алиби за евентуален непосакуван исход на изборите.

Мнозинската волја на граѓаните, изразена на фер, слободни и демократски избори, мора да биде почитувана од сите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2019 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега