Добил епилептичен напад и со главата се забил во стакло - трагична смрт за штипјанец
Трагична смрт за 39 годишен штипјанец.
Како што информираат од полицијата, штипјанецот Ивица Јовановски, вчера околу 20:45 часот добил епилептичен напад во својот дом и паднал на дрвена врата со стаклени отвори. Тој со главата удрил директно во стаклениот дел кој се скршил и го расекол.
Штипјанецот за жал починал, а по наредба на истражен судија неговото тело е предадено на обдукција.
03.10.2013 - 10:17