Во ФФМ извлечени двојките за 1/4 финалните мечеви во Купот

 

Денеска беа извлечени двојките за четвртфиналето на националниот куп на Македонија. Извлекувањето се одвиваше во просториите на Фудбалската федерација. Ждрепката сакаше во првиот меч да се сретнат бранителот на трофејот Тетекс и Напредок. „Штофарите“ ќе играат на домашен терен во првиот меч. Пелстер пак ќе ги измери силите со Работнички, додека во преостанатите два натпревари ќе се сретнат Дрита и Металург и Брегалница со Шкендија.

Првите средби ќе се одиграат на 13 октомври, а реванш натпреварите на 20 ноември.

02.10.2013 - 16:14

најчитано сега