ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може ништо против фактот дека Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа
Колку и да настојува СДСМ не може ништо против фактот дека Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа.
Она што најмногу изненадува е дека иако толку години беа на власт и работеа на ист принцип, сега се бунат против издавањето на државни хартии од вредност.
Дополнително, вака функционираат сите светски економии, тоа е нормална пракса на буџетско работење. Нелогично е СДСМ да се буни против нешто што е нормално функционирање на една пазарна економија, бидејќи сите пазарни економии во светот така функционираат.
Ова ни остава простор да се посомневаме дека целта на СДСМ е преку наметнување лажни информации во јавноста да го спречи редовното исплаќање на пензии, плати субвенции, испалата на обврски кон стопанството, капитални инвестиции...
Кај СДСМ секогаш има позадина и секогаш е во интерес на ситно политичко поентирање, а секако не во интерес на граѓаните.
Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.