Монструм шета по улиците на Чаир - пронајдено малтретирано и одрано куче оставено во кутија

 

 

Синоќа жителите на населбата биле вознемирени од ужасна глетка на возрасно куче кое било мачено и убиено среде улица.

Кучето со одрана кожа и ќеса на главата било оставено во кутија  на улицата рсте Арсенов бр. 5, зад стадионот во Чаир.

- Засега не можеме да кажеме ништо освен очигледното – монструм оперира низ улиците на Чаир, умоболен, насилен психопат, кој со сигурност ова не го сторил првпат, зошто кожата е професионално одрана. Огромна благодарност за полицијата и за крим-техничарите, кои веднаш и максимално сериозно пристапија кон истрага. Ги молиме да бидат упорни за да се фати сторителот и да добие најстрога казна – велат од здружението за заштита на животни „Анима мунди“ за грозоморниот настан.

За грозоморниот настан веднаш била информирана и полицијата.

 

02.10.2013 - 12:30

најчитано сега