Милошевски: Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот

 

Охрид мора да е убав, да функционира, градот не смее да биде заборавен, ниту запоставен. Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот. Тоа денеска пред граѓаните на Охрид го нагласи Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Милошевски во изјавата пред медиумите најави изградба на нов плоштад Студенчишта, модерно хортикултурно-уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва“.

– На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена, порача Милошевски.

За убав град, како што е насловена неговата предизборна програма, кандидатот Милошевски уште вети изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, реконструкција на плоштадот „Крушевска република“, уредување на парковите на влезовите на Охрид, доуредување на плоштадот во Љубаништа, потоа партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки.

– Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациски мрежи, училишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти. Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина, истакна Милошевски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега