Сообраќајот на патот Скопје-Македонски Брод низ Јасен ќе се одвива наизменично

 

Сообраќајот на патниот правец Скопје - Македонски Брод низ територијата на ЈП „Јасен“ од денеска ќе се одвива наизменично.

Од Скопје кон Македонски Брод патот ќе биде отворен од 7:30 до 8:30 часот и од 14:30 до 15:30, а од Македонски Брод кон Скопје од 6 до 7 и од 16 до 17 часот.

Поради изведување, пак, на градежно-асфалтерски работи на коловозот на патниот правец Фурка-Дојран Р-1 501, од утре во наредните 10-15 дена сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и ќе биде регулиран со соодветна патна сигнализација.

01.10.2013 - 15:49

најчитано сега