Софтверски систем за регулирање топлинска енергија во МКЦ

 

Јавната установа Младински културен центар по потпишаниот договор со најповолниот понудувач, започна со инсталација на софтверски систем за регулирање на потрошувачката на топлинска енергија.

- Согласно потврдените европски позитивни искуства, каде ваквиот систем веќе е имплементиран, овој софтверски систем ќе придонесе за намалување на трошоците за топлинска енергија и заштедување до 30 отсто во однос на средствата кои се издвојуваат секој месец за подмирување на сметките кон снабдувачот со топлинска енергија на нашата установа, велат од МКЦ и додаваат дека системот е прв од ваков вид во Македонија.

Во текот на минатата година и годинава е поставена и енергетски ефикасна фасада, прозорци и врати, како и централни системи за разладување и затоплување во Кино Милениум, Кино Фросина и Џебното кино. 

01.10.2013 - 12:09
Фото: 
Коолтура

најчитано сега