ВМРО-ДПМНЕ: Со оставката на Ѓоко Котевски не смее да се прикрива одговорноста на инспираторите и нарачателите

 

Со оставката на Ѓоко Котевски не смее да се прикрива одговорноста на инспираторите и нарачателите, пишува во  своето соопштение партијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Зоран Заев и Рената Дескоска мора да сносат одговорност за тепањето на Јанакиески и Ристоски во притвор. Одговорност мора да има од Заев и Дескоска, а не истите да  се вадат на одговорност само во пониските ешалони на власта.

„Тепањето на Јанакиески и Ристовски е акт на деспотизам кој не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е срам за демократијата. 

Срамно и недозволиво, властите не го спречија тепањето, туку синхронизирано се обидоа да ја манипулираат јавноста, дека истиот или не се случил и дека е незначителен. 

СДСМ не смее да бега од одговорност. Чинот на тепање на затвореници е акт на незрело и недемократско уредување, кое за жал стана државата со Зоран Заев на чело на владата.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Народниот правобранител и сите меѓународни претставници во земјата да го испитаат случајот и да спречат понатамошно кршење на човековите права.

Заев и Дескоска не можат да се кријат зад пониските ешалони на власта, граѓаните очекуваат одговорност“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега