ВМРО ДПМНЕ го замрзнува учеството во процесот „Жан Моне“

 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Мицевски денеска соопшти дека опозициската партија го замрзнува учеството во процесот Жан Моне, поради последните случувања со покренување истраги и постапки за одземање имунитети на пратеници од оваа пратеничка група.

-Целосно респектирајќи го процесот, но имајќи во предвид ненормалните околности наметнати од Владата и власта на СДСМ во која се монтираат случаи, сослушуваат пратеници кршат процедури ние го замрзнуваме нашето учество во процесот на  Жан Моне, не затоа што не се согласуваме со целите на нашите меѓународни партии, туку затоа што власта создава ненормални околности за работа, рече Мицевски, додавајќи дека ова е „директно рушење на предизборниот амбиент и преставува директна закана за легитимноста на изборите“.

Образложението за приведувањето на Вељаноски, Јанакиески и Ристоски, според Мицевски е бедно и недостојно за која било држава во која што би требало да владее правото и правдата.

-Без ниту еден аргумент да се притворат лица со образложение дека доказите не смееле да се кажат заради истрагата е срамно. Во оваа држава веќе никој не верува во институциите под команда на Зоран Заев. Јасно е дека тројцата се жртви на безочната желба за политичка одмазда која е производ на паниката на власта. За само неколку месеци во ова Собрание се спроведуваат 7 постапки за одземање на имунитет на пратеници и уште едно кое е во најава. Сите пратеници доаѓаат од опозицијата. Ова не може да се сфати никако поинаку освен за политичка пресметка со опозицијата, рече Мицевски.

Жан Моне“ процесот се смета како реализација на дел од реформите во земјата имајќи предвид дека прашањата за конституирање на Парламентот и за пратенички прашања се дел од планот „3-6-9“, а разговорите се очекува генерално да придонесат и за подобрување на политичкиот дијалог.

Клучните теми за кои ќе се дискутира во рамки на процесот се Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, како и други прашања насочени кон јакнење на Собранието како институција со централна улога во реформската агенда за интеграција во ЕУ.

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега