ЕКСКЛУЗИВНО: „Од терен се префрлувам на играње Sony“ - Миркуловски вечерва опериран во Австрија

 

Познатиот македонски ракометар Филип Миркуловски вечерва бил опериран во Австрија, дознава Пресс24.

Како што дознаваме, Миркуловски неколку недели имал проблеми со десното колено, па откако тука се консултирал со неколкумина доктори, во текот на оваа недела заминал во Австрија за да добие стручно мислење и од еден од најдобрите доктори во Европа. Вчера дознал дека му е потребна хируршка интервенција, а вечерва, непосредно по операцијата, за Пресс24 изјави дека се чувствува добро.

- Операцијата помина одлично и се чувствувам добро. Во Австрија ќе останам до недела, а од терените ќе одморам од 6 до 8 недели. Прогнозите на докторите се добри, па очекувам да се вратам во игра во најдобро светло, вели ракометарот.

Тој за ПРесс24 вели дека ќе се одмори дома, со својата сопруга Благица и нивната ќерка Јована.

- Ќе оздравувам дома со најблиските, а сега кога одмарам од терените ќе имам и време да поиграм Sony Playstation со мојот кум, се смее Миркуловски.

Му посакуваме побрзо оздравување на нашиот ракометар!

Б.А.

27.09.2013 - 00:22
Фото: 
kirilica.com.mk