Направете ги најубавите мекици во соседството со овој едноставен рецепт

Направете брзи и вкусни мекици.

СОСТОЈКИ:

500 мл. вода

1 лажица шеќер

1 лажица сол

40 гр. квасец

50 мл. масло

1 кг. брашно

масло

ПОДГОТОВКА:

Се загрева водата да е топла и се рони квасецот со шеќер.

Се додава брашното откако ќе се активира квасецот, се става сол и масло и се меша, па се додава и остатокот од брашното.

Се прави тесто кое треба да е меко и лепливо за раце.

Се става врз тестото 1-2 лажици масло и се остава околу еден час.

Се премесува, се вадат мекици со сечење квадрати, па се пржат на масло.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега