Уште 30 дена притвор за Томислав Кежаровски

 

Кривичниот совет за уште 30 дена им го продолжил притворот на обвинетите во случајот „Ликвидација“, меѓу кои е и новинарот Томислав Кежаровски.

Оваа е петти пат да им биде продолжен притворот на обвинетите. Одбраната најавува  жалби за решенијата за притвор.

Досега жалбите од одбраната беа одбивани и судот не дозволи ниту еден од обвинетите да се брани од куќен притвор или од слобода.

Судскиот процес за „Ликвидација“ ќе продолжи во понеделник. Рочиштето ќе биде затворено за јавноста поради изведување докази прибавени со посебни истражни мерки. 

26.09.2013 - 14:14
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега