„Опел Омега“ уби младо момче - страшна несреќа на патот Кавадарци- Росоман
Уште една сообраќајка ја потресе Македонија. Синоќа се случила страотна сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кавадарци- Росоман, кај месноста Северова Падина.
Како што изјавува потпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска за МИА, до несреќата дошло кога се судриле автомобил марка „опел омега“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од страна на 34-годишен кавадарчанец и мопед „томос“ управуван од 20- годишен неготинец и 34-годишен пешак од Кавадарци.
- Возачот на мопедот заедно со пешакот стоеле на десниот раб од коловозот при што наишол патничкиот моторен автомобил и при заобиколувањето удрил во нив. Од ударот, на лице место загинал моторциклистот, а пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во кавадаречката болница по што бил пуштен на домашно лекување, појасни Стојковска за МИА.
Увид извршија јавен обвинител, истражен судија, увидна екипа од СВР Велес.