Го удирал со тврд предмет по главата - штипјанец убил сограѓанин
Штипјанец кој на полицијата и е познат како извршител на поголем број кривични дела, убил свој сограѓанин.
Се работи за 43-годишниот К.М. кој со тврд предмет го удирал 46-годишниот С.М. во пределот на главата, а за жал, поради сериозноста на повредите, штипјанецот починал на местото на настанот.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Засега не е познат мотивот за убиството.
25.09.2013 - 11:11