Санирани оштетувањата на мостот кај Сретково

 

На мостот во близина на селото Сретково на магистралниот пат Гостивар - Кичево, преку превојот Стража, од синоќа е дозволено движење на тешки товарни возила и автобуси, откако е санирана штетата.

Поправките на оштетувањата и дупките кои се појавија на мостот се завршени и според информациите на сообраќајната полиција забараната за движење е укината.

ФОТО:Сител

најчитано сега