СДСМ: Јанкулоска да каже како се збогати

 

Дали Анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, јавно објавен на страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата ја замолча „чесната“министерка? Бидејќи таа самата најави дека ќе ги запознае медиумите, или барем дел од нив, а во текот на вчерашниот ден тоа не се случи.

Jа повикуваме Јанкулоска сега да одговори:

Каде е запишан кредитот од Шпаркасе банка за коjшто таа тврди дека го подигнала за становите вредни 200 илјади евра? Анкетниот листпокажува дека Јанкулоска во Шпаркасе банка има девизи, а не кредит.

Во прилог, за споредба, ви го доставуваме Анкетниот лист на Јанкулоска од 2006г. кога седнала во фотељата во МВР. Тогаш пријавила дека има само стан од 50 метри квадртатни! Во 2006-та Јанкулоска имала и кредит од 25 илјади евра и заштеди од 10 илјади евра.

Но по 5 години, според новиот Анкетен лист, Јанкулоска освен што се стекнала со два стана вредни 200 илјади евра, ги намалила кредитите за 11 илјади евра, а ги зголемила заштедите во девизи и денари за дури 15 илјади евра.

СДСМ инсистира министерката Јанкулоска, да и ја открие на јавноста тајната на експресното богатење со административна плата.  

На овој линк можете да го отворите сегашниот Анкетен лист на Јанкулоска:

 

http://www.dksk.org.mk/imoti_2/detail.php?detail=4969&search=&ime=%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0&prezime=%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B0&funkcija=&institucija=

(Интегрален текст од писмено соопштение на СДСМ)

24.09.2013 - 14:44

најчитано сега