Уставните измени за бракот пред пратениците

 

Денеска во Собранието започна  72-ра седница ја почна расправата по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија во делот на дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена, поднесен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Претставникот на предлагачите, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека со Предлогот бараат уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни парови во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители.

- Истовремено треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот, освен уставно дефинираната брачна заедница помеѓу еден маж и една жена нема да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија, рече Ѓорчев.

Исто така истакна  дека најважни морални обврски се семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата и оти бракот како заедница е соочен со предизвиците на новото време.

- Интенција на предлагачите е  да се оневозможи некое идно парламентарно мнозинство со само 42 гласа да го менува Законот за семејство и  да ја  редефинира структурата на бракот, додаде Ѓорчев.

Ивон Величковски од ЛП рече дека постапките на Владата не одат во прилог на тезата за заштита на бракот и семејството. Тој побара толерантен пристап кон различните групи, зацврстување на секуларните принципи и спречување на мајоризацијата во граѓанските, етничките и религиозни релации.

За да се донесат уставните измени потребно е дво-третинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.

 

23.09.2013 - 13:26

најчитано сега