Кумановчани без причина претепале малолетник во училишен двор
Вчера во полициската станица во Куманово било пријавено дека тројца насилници без никаков повод и причина нападнале кумановчанец.
Инцидентот се случил околу 19 часот пред основното училиште „Наум Фрашери“ кога три непознати лица без повод и причина физички го нападнале 15-годишниот Н.С. удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
23.09.2013 - 12:46
Фото:
Инпрес