Ѓорчев на самит на ИДУ: Економијата се влошува, медиумите под удар, политичкиот прогон се засилува

За време на посетата на САД меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се обрати пред околу 100 претставници на партиите на десниот центар од целиот свет.

Во своето обракање Ѓорчев истакна дека состојбите во македонската економија секојдневно се влошуваат, а Македонија брзо паѓа на поголем број на листи за водење на бизнис.

Ѓорчев додаде дека медиумските состојби во Македонија одат надолу и дека веќе се бројни примерите за притисоци кон медиумите и новинарите.

На крајот, Ѓорчев нагласи дека моментално во Македонија се случува политички прогон на опозицијата и дека не се санкционираат очигледни случаи на корупција и насилство каде што се учесници луѓе блиски до власта на СДСМ. Истовремено, политички мотивираните процеси станаа секојдневие.

Во текот на самитот, Ѓорчев се сретна и разговарасе со делегациите на Републиканската партија и ИРИ, Конзервативната партија на Велика Британија, Европската народна партија (ЕПП), ЦДУ / ЦСУ од Германија, како и поголем број на други сестрински партии.

ИДУ е најголемата глобална алијанса на десниот центар која ги обединува партиите со конзервативна и народна ориентација, а беше формирана во 1983 година од Роналд Реган, Маргарет Тацер и Хелмут Кол.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

24.09.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега