Се запали комбајн на жетва во Карбинци, пожарот зафатил повеќе ниви

Вчера во 14.45 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Долно Трогерци, општина Карбинци, настанал пожар на земјоделска машина-комбајн при вршење жетва, а кој бил управуван од С.М.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци. 

Од пожарот биле зафатени и ниви со житни култури, сопственост на Ѓ.Г.(54) од с.Долни Балван и С.К.(72) од Штип.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. 

21.06.2024 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега