ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секој ден пушта едно исто конфузно и безидејно соопштение со лаги и невистини

СДСМ не може да го покрие со ништо општиот грабеж кој го спроведува криминалниот картел на власт, а го гледаат и чувствуваат сите граѓани. Тоа се гледа и во фактор што секој ден од СДСМ се пушта едно исто конфузно и безидејно соопштение. Бледо соопштение со тези кои се преполни со лаги и невистини реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Според нив тоа е максимумот од партија чиј, како што велат, претседател кога и да отвори уста секогаш кажува лага.

„СДСМ единствено се обидува да го заштити Зоран Заев и неговите најблиски соработници од одговорност за криминалите.

Со фалични тези за референдумот не се покрива срамот од капитулантскиот договор. 

Скандалите и криминалот не се бранат и покриваат со бледи соопштенија.

Целото општество е во стагнација. Со СДСМ нема напредок.

Јавноста го виде многу добро владеењето на Заев и СДСМ.

На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

23.08.2018 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега