ФОТО: Исчезна жена во Кичево - нејзините синови бараат помош
Во понеделникот, на 29 април исчезнала 56 годишната Веселка Спасеноска од Кичево. Таа последен пат е видена во понеделникот кога излегла од дома и оттогаш и се губи секаков траг, пренесува порталот Кичево.мк
Нејзините синови Дуле и Живко велат дека Веселка се договарала со својата снаа да се напијат кафе, но, таа не била во својата соба кога снаата ја побарала.
- Чекавме час, два мислејќи дека е излезена во продавница но неа ја немаше. Пријавивме и во полиција, од каде ни беше речено дека сега за сега нема информации за исчезната жена. Инаку таа последно беше облечена во сини фармерки и бела маица, а во текот на истиот час кога ја немаше дома , била забележана кај разделната градба кај с. Другово, од кога и се губи секаков траг. Пред 13 години таа имаше психички проблеми од кои се лекуваше, а и денес повремено земаше терапија. Ги молиме сите што имаат било каква информација да ни се јават, за да знаеме што се случи со мајка ми, велат Дуле и Живко од Кичево.
Извор: Кичево.мк