Ахмети го честита големиот христијански празник - Велигден

 

-По повод големиот празник на православната заедница, Велигден, во името на Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име имам посебна чест да упатам честитка до сите верници, со најискрени желби за благодет во вашите семејства. Сакам да изразам посебно задоволство за можноста да им го честитам овој голем празник и на членовите на растечката Албанска православна заедница во Македонија која што храбро се навраќа кон своите корени, стои во честитката на Ахмети

Верските празници, вели Ахмети во честитката, секогаш не зближувале затоа што го истакнуваат најдоброто кај сите нас промовирајќи поголема меѓусебна доверба, толеранција и заедништво.

-Посакувам Велигден да не најде сите заедно во мир, разбирање, взаемно помагање и со поголема верба во Господ и во вредностите што ги застапува секоја религија, стои во честитката.

ФОТО: Дневник

најчитано сега