Ќе се разубавува еден од влезовите на Гостивар
Со повеќе видови дрвја, трева, цвеќе и реконструкција на тротоарите, ќе се разубави еден од влезовите во Гостивар.
Хортикултурните зафати ги спроведува, ЈП „Комуналец“ и како што информираат од општина Гостивар, се дел од активностите за уредување на животната средина и зеленилото во населбата Малеарди.
- Со обновувањето на зелениот појас ќе биде опфатен и поголемиот дел од булеварот „Браќа Ѓиноски“. Предвидено е да се засадат 66 дрвца од видот каталпа, стотина украсни иглолисни грмушки и цвеќиња. Таканаречините острови ќе се зазеленат со трева и ќе се санираат рабниците, а тротоарите ќе се поплочат со бекатон лочки, изјави Мемемдали Џафери директор на ЈП „Комуналец“.
Разубавувањето на овој дел од Гостивар ќе чини околу 910 илјади денари.