„Комуналец” обезбеди ново возило за собирање смет
Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци обезбеди ново возило за собирање смет.
Директорот на претпријатието Илија Атанасов денеска најави дека во наредниот период ќе се набави уште едно возило, со што би се решил проблемот со собирањето смет особено на потешко достапните места и тесните улици.
Атанасов нагласи дека генерална определба на локалната самоуправа и на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов е целосно да се промени дотраениот возен парк во „Комуналец”.
ФОТО: Сител