ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да предизвика штета на државата и на нејзините безбедносни капацитети
СДСМ по којзнае кој пат се однесува несериозно и неодговорно кога се во прашање државните и националните интереси.
СДСМ се обидува без официјални податоци од МВР да шпекулира со имињата на лицата кој што се уапсени во текот на акцијата која што ја спроведоа државните институции.
СДСМ си дозволи врз база на шпекулации да шпекулира и за имиња и за причини, пред МВР или било кој друг надлежен орган да даде било каква информација.
Денешната прес конференција на СДСМ беше шпекулација за шпекулација. Ваквото однесување на СДСМ е антидржавно. Ова не им е прв пат на СДСМ да шпекулираат и да критикуваат неаргументирано и неоправдано акции на безбедносните структури во кој што се води борба против криминалот во Република Македонија или пак против одредени субјекти кои што на директен или индиректен начин ги загрозуваат националните интереси или пак ја доведуваат во прашање безбедноста на државата и граѓаните.
Токму затоа го осудуваме ваквиот потег на СДСМ кој што се обидува преку ситни, дневно политички прес конференции да нанесе голема штета, не само на интегритетот на джавните институции, туку притоа да им наштети и на безбедносните капацитети на државата Република Македонија.
Ваквото однесување на СДСМ не е прв пат. Тие исто се однесуваа кога се судираа со полицијата заради обвиненијата против Владо Бучковски, Зоран Заев итн.
Интегрален текст.