Започна академската година на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

 

 

На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска започна академската година 2013-2014 за 3.800 студенти.

Ректорот на УГД-Штип, Саша Митрев добредојде им посака на студентите од Факултетот за медицински науки, Правниот и Факултетот за музичка уметност во Штип. - Нашиот универзитет оваа акдемска година ја запиша седмата генерација студенти, идни професионални струлни кадри во областа на техничките, природните или општествените науки и уметности. За неполни седум години од своето основање, универзитетот ја потврди својата втора позиција на втор по големина во Република Македонија и успеа да се искачи на високото второ место на ранг-листата на најдобро рангирани државни универзитети, рече Митрев.

По повод првиот академски час присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и деканите и продеканите на факултетите. Најголем интерес за запишување од страна на студентите имаше на Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика и на Природно техничкиот факултет.

16.09.2013 - 13:46
Фото: 
Магазине.мк

најчитано сега