Истражување: Мажите се поуспешни во битката против килограмите од жените

 

Честопати од припадничките на понежниот пол, може да се слушне како се жалат за спорото намалување  на телесната тежина воспоредба со мажите.

Заклучокот од големото американско истражување со кое е анализиран напредокот на дури 1,2 милиони претешки или лица со прекумерна тежина, кои одлучиле да ослабат е тоа дека мажите се поуспешни во битката против килограмите отколку жените.

- Мажите просечно топат 7,3 килограми во три месеци, а жените слабеат само пет килограми, пишува Ordinacija.hr.

- Станува збор за комбинација на генетски и културолошки фактори како поголем дел на мускулна маса кај мажите кој помага да се забрза метаболизмот, помал дел на масти во телото, а покрај тоа, мажите ретко кога „наседнуваат“ на помодните диети кои ветуваат брза загуба на килограми во кус период, велат од Британската организација Slimming World.

16.09.2013 - 13:12

најчитано сега