СДСМ: И за нас брак е заедница меѓу маж и жена

 

За СДСМ брак е семејна заедница помеѓу маж и жена. Вака бракот е дефиниран  во Законот за семејство уште од 1996-та година.

СДСМ смета  дека нема никаква оправданост прашањето на бракот, кое е законски регулирано, сeга и уставно да се третира. Дополнително, секоја иницијатива за промена на Уставот ја отвара Пандорината кутија на нови барања и постојани уставни измени. Ова Македонија не може да си го дозволи.

Иницијативата на ВМРО ДПМЕ за промена на Уставот е нов обид на премиерот Никола Груевски да го одвлече вниманието од катастрофалните резултати  на неговата влада: најниски странски инвестиции во целиот регион, рекордна сиромаштија и растечко раслојување на граѓаните.

 

ВМРО-ДПМНЕ бега од сите вистински проблеми кои ги мачат македонските граѓани, бидејќи и покрај ветувањата, на нив нема одговор. Наместо решенија и подобар живот добивме иницијативи со кои се купува време и се изигрува јавноста. 

(Интегрален текст од изјава на Оливер Спасовски, Генерален секретар на СДСМ)

16.09.2013 - 13:04

најчитано сега