“Црвенковски“: Еден е Бранко - сите во СДСМ се мои клонови
-Почитувани, денес е голем ден, денес е мојот ден, можеби најголемиот- Денес е 15. септември. Празникот над празниците... Ех, какво само тоа беше време пред 11 години. Како да беше вчера паметам, овде собрани, пред тоа народот, дошол се собрал, му викав- „На 15. септември народот ќе ја земе судбината во свои раце! Ќе вработам по еден од секое семејство! Ќе нема криминал, ќе нема крадење, само мед и млеко ќе тече“. И ми поверуваа тоа народот, а и како нема да верува, еден е Бранко, а и сите во СДСМ се исти како мене, како Бранко, мои клонови и Рада и Заев и Шема и Јани и Фрчко...сите се мои деца, истакна денеска “Црвенковски“.
Ова е дел од пародијата која денеска ја организираше Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод 15 септември, кој, како што велат, е „Денот на лагата на Бранко Црвенковски“
-Рада ја знам од мала, каква само скоевка беше. Послушна, исполнителна, дисциплина на ниво. Поред мене израсна. Го знам и Заев, права тарабука. Не ме слушаше со Глобал, ме избрука. Абе Заев така ли се крадат пари? Што се 8 милиони евра, па за толку малку јас око не отварам. Да беа повеќе можеби ќе размислев, а вака?! Ако се краде нека се краде, рече денеска „Бранко Црвенковски“.
Во продолжение погледнете ја целата пародија.