Почина најстариот маж на светот

 

Почина најстариот маж на светот, 112 годишниот Салустиано Санчез-Бласкез, соопштија претставници на „Светски Гинисови рекорди“.

Санчез Бласкез  починал во петокот во домот за стари лица во Гранд ајленд, во државата Њујорк. Поранешниот музичар и рудар, Санчез-Бласкез, со прекар Касија, беше официјално прогласен за најстар жител на Земјата од машки пол, кога во јуни почина Џироемон Кимура на 116 години.

Санчез е роден на 8 јуни 1901 година во Шпанија. На 17-годишна возраст се преселил на Куба, а од 1920 година живее во САД. Тој има две деца, седум внуци, 15 правнуци и петмина праправнуци.

Во моментов, водечки кандидат да биде прогласен за најстариот маж на светот е Италијанецот Артуро Ликата кој има 111 години. Најстарата жена на светот е 115-годишната Мисао Окава од Јапонија.

15.09.2013 - 12:09

најчитано сега