Го застрелал сред улица и си заминал без око да му трепне - МВР трага по безмилосен насилник од струшко
Струшката полиција трага по насилник од Велешта кој е осомничен дека вчера попладне го застрелал својот соселанец, 25 годишниот А.А.
Според МВР, вчера попладне околу 18 часот близу хотел во Велешта, насилникот со огнено оружје го застрелал 25 годишниот А.А., нанесувајќи му тешки повреди на градниот кош. Веднаш по инцидентот, осомничениот избегал од местото на настанот.
Струшката полиција утрово извршила претрес во станот на напаѓачот и активно се траго по него. Се работи и на откривање на причините за инцидентот. Насилникот и сега тешко повредениот веќе и биле познати на службата бидејќи против нив, по разни основи биле поднесувани кривични пријави.
13.09.2013 - 11:26