Средба Иванов-Креј: Македонија заслужува што поскоро да стане членка на НАТО

 

Денеска македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов го прими генерал-мајор Стивен Креј, командант на Националната гарда на Сојузната држава на Соединетите Американски Држави, Вермонт.

На средбата двајцата соговорници размениле мислења за реформскиот процес во одбраната на Македонија, како и за достигнувањата на Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт.

Претседателот Иванов ја истакна важноста од заедничкиот придонес кон зачувување на мирот и слободата во светот, а особено во регионите кои подолго време се борат да ја надминат дестабилизацијата. Од своја страна, генерал-мајорот Стивен Креј,истакна дека Македонија заслужува што поскоро да стане членка на НАТО Алијансата. 

Македонскиот претседател на средбата посочил и дека меѓусебната соработка во изминатиов период даде придонес и во достигнување на НАТО стандардите во повеќе области. 

Генералот Креј го поздрави ангажманот на македонската армија во мировните операции и истакна дека САД го ценат македонскиот придонес.

12.09.2013 - 12:40

најчитано сега