Научете како да го направите: Сируп од коприва за прочистување на крвта, лекува реума и артритис

 

Традиционалниот сируп од коприва се користи за прочистување на крвта, но е вкусен и е освежителен пијалок, ако се измеша со газирана вода и малку мраз.

Сок од коприва се препорачува за ревматизам и артритис.

Копривата содржи многу железо и се користи и во борбата против анемијата. Сокот од коприва го пијат и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така се верува дека штити од респираторни и уринарни проблеми, како и при губење на косата.

Обичен сируп од коприва

За обичен сируп од коприва ќе ви требаат: 1 кг листови од млада коприва, 2,5 литри вода и шеќер (500 g на секои 500 ml течност).

Измијте и исцедете ги листовите од коприва, натопете ги во вода и варете ги на средна температура околу еден час. Полека, додадете шеќер и промешајте го додека целосно не се стопи. Добиениот сируп се става во стаклени шишиња и се затвора добро. Кон листовите од коприва можете да додадете листови од црни рибизли во сооднос 1: 1.

Сируп од коприва, мед и лимон

Состојки: 400 гр свежи млади листови од коприва, сок од 6 големи лимони, 800 г шеќер, 5 лажици мед и 1 литар филтрирана вода.

Можете да го промените рецептот, ако не ви се допаѓа идејата со многу шеќер. Можете да го замените шеќерот со мед, но само дел, да речеме 300 гр. Заменете го со 1 кг мед, но не го гответе, туку додадете го во разладен сируп. Добиениот на тој начин сируп од коприва има краток рок на траење.

Истурете вода во тенџере и ставете шеќер (да речеме, половина кафена, половина бела). Ставете на шпоретот да се вари мешајќи повремено (кога ќе зоврие нека врие 5 минути). Ако се појави пена на површината, отстранете ја со лажица.

Ставете ја копривата во керамички сад и прелијте ја со шеќерениот сируп. Преклопете го со чинија и притиснете со тешка чаша или тегла. Оставете така 10 минути. Потоа додадете го сокот од лимон и мед. Извадете ја копривата со раце. За да добиете сируп исцедете преку цедилка, ако е потребно.

Ставете го сирупот од коприва во стерилизирани шишиња, затворете го и оставете го на ладно и темно место.

Сокот од коприва се консумира мешајќи ¼ чаша сируп со ¾ вода. Сируп од коприва може да се користи 6 месеци.

 

 

 

04.05.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега